Трагедија во Турција: Минибус падна во провалија и усмрти десет лица
Десет лица загинаа, а 13 се ранети во сообраќајна несреќа во Турција.
До несреќата дошло кога на минибус кој превезувал земјоделски работници при преминување преку мост му пукнала гумата и возачот загубил контрола над воланот. Минибусот паднал во провалија под мостот, од височина од 30 метри.
Сите загинати се жени. Шест од нив починале на местото на несреќата, а останатите четири подоцна во болница. Состојбата на некои од ранетите лица е критична.
ФОТО: Пулс 24