Трудница победи на традиционалниот Еверест маратон
Жена која е во третиот месец од бременоста ја истрча најтешката патека на светот на Еверест маратонот за само шест часа.
Се работи за 44-годишната Анг Дами Перпа која е во третиот месец од бременоста, но тоа не и претставувало проблем да се соочи со овој предизвик.
Ова е нејзина втора победа откако првпат триумфирала пред седум години.
- „Сопругот и синот ме молеа оваа година да се откажам, но сепак одлучив да се натпреварувам бидејќи лекарот ми рече дека можам да трчам ако не се чувствувам лошо“, изјавила победничката.