ФОТО: Мик Џегер виновен за катастрофата на Бразил
Пејачот Мик Џегер ужива негативен имиџ кога станува збор за Светското фудбалско првенство, бидејќи постојат верувања дека тој и носи несреќа на секоја репрезенатација за која навива.
Ваквиот епитет фронтменот на „Ролинг Стонс“ го потврди и во поразот на Бразилците против Германија.
Имено, Џегер во Бело Хоризонте се појави во друштво на неговиот син Лукас и погодувате, навивал за Бразил. Иако, носел капа за никој да не го препознае, фотографите успеале да го снимат и откако веста се прошири низ бразилските медиуми стана јасно кој е виновен за најтешкиот пораз во фудбалската историја на Бразил.
Да се потсетиме, легендата за проклетството на Џегер започна во 2010 година во текот на Светското првенство кога се појавуваше на натпреварите на Англија и „предизвикуваше пораз на Гордиот Албион“ на секој од нив.
Бразилците уште тогаш го обвинија Џегер кога на натпреварот против Холандија, кој Бразил го загуби, се појави во бразилски дрес.
Тогаш тој го доби прекарот „Пе Фрио“ што во превод од португалски буквално значи „студена нога“, а во преносно значење „лице кое носи несреќа“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа