Лубеницата борец против ракот
Една чинија лубеница има само 46 калории, а задоволува 20 отсто од препорачаните дневни дози на витамин Ц и 17 отсто од витаминот А.
Исто така само една мала чинија лубеница содржи 1,5 отсто повеќе ликопен (моќен антиоксиданс) отколку голем свеж домат.
Инаку, ликопенот е извонреден антиоксиданс кој ги спречува слободните радикали да го нарушат имунитетот, а некои истражувања покажале дека ликопенот, што се наоѓа во црвеното овошје и зеленчук, може да го намали ризикот од срцеви заболувања и некои видови рак.
Шпанската студија објавена во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“ открила дека лубеницата делува смирувачки по напорните тренинзи.
Експертите велат дека причина за тоа е фактот дека во сокот од лубеница се наоѓа аминокиселината цитрулин, за која се верува дека ја подобрува работата на артериите и оти го намалува крвниот притисок.
Исто така лубеницата има неверојатна моќ на хидратација, бидејќи дури 91,5 отсто од лубеницата е вода и тоа ја прави идеална за лето, бидејќи многу луѓе на лето својот организам го доведуваат во состојба на дехидратација бидејќи не водат сметка за количината на вода која ја внесуваат во организмот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа