ВИДЕО: Давид Луиз плачеше по поразот

 

Дефанзивецот на Бразил Давид Луиз многу тешко и емотивно го поднесе дебаклот на својата екипа што може да се види и во интервјуто по натпреварот, на кое тој плачеше повеќе отколку што зборуваше.

-Беа подобри, подобро подготвени и играа подобро. Примивме четири гола за шест минути. Ова е ден на голема тага, но и животна лекција. Само сакавме да му донесеме малку радост на нашиот народ кој многу патеше, но не успеавме. Им се извинувам на сите, сите Бразилци. Сите знаат колку ми беше важно да го видам цел Бразил среќен, изјави низ солзи Луиз

10.07.2014 - 17:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега