Холандскиот голман нема одбрането пенал во кариерата

 

Холaндија е елиминирана од Мундијалот во Бразил по изведувањето на пенали во мечот против Аргентина. Ако во четвртфиналниот меч вториот голман на “лалињата“ Тим Крул беше вистински херој, синоќа првиот холандски голман Јаспер Силесен не успеа да спречи ниту еден аргентински удар.

Сепак, ова не е толку чудно доколку се погледнат настапите на Јаспер Силесен во минатото кога ударите од белата точка се во прашање. Би Би Си пренесува дека младиот голман кој ја доби шансата од Луис Ван Гал, но не успеа да спречи ниту еден од четирите удари, во својата кариера нема одбрането ниту еден пенал.

Според „Би-Би-Си“, на Силесен му шутирале осум пенали во Ередивизие, три во Лигата на шампионите и шест на СП, и ниту еден пенал не успеал да одбрани.

За разлика од Силесен, голманот на Њукасл, Тим Крул беше вистински херој против Костарика одбранувајќи два пенали. 

10.07.2014 - 17:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега