ДУИ: Граѓаните да се воздржат од насилство

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска со најавите на социјалните мрежи за одржување протести утре во Скопје преку соопштение ги повика „сите граѓани да бидат мирни и да се воздржат од акти на насилство“. 

- Сите граѓани имаат право да протестираат и да ги искажат своите ставови мирно, но не и да се вклучуваат во деструктивни и насилни акти. Демократската унија за интеграција ги повикува надлежните институции да се справат со овој судски случај почитувајќи ги целосно сите меѓународните стандарди, се вели во соопштението од ДУИ. 

10.07.2014 - 16:26
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега