ВИДЕО: Болат уши - еве како навистина звучи Бритни Спирс

 

На оваа снимка која протече во јавноста можеме да ја слушнеме поп принцезата Бритни Спирс како ја вежба песната „Alien“ од нејзиниот последен албум.

Иако честопати се зборуваше дека Бритни Спирс на нејзините настапи пее на плејбек, овојпат можеме да чуеме како звучи нејзиниот глас кога не е студиски обработен.

Нејзиниот продуцент Вилијам Орбит призна дека на таа снимка навистина е Бритни додавајќи дека таа настанала додека пејачката се загревала за снимањето на оригиналната верзија.

- „На секој пејач му е потребно распејување за да го загрее гласот. Загревањето е важно ако си професионалец, исто како што спортистите се истегнуваат пред да почнат да трчаат и потребно е некое време за тоа да се направи како што треба. Сум чул сешто во текот на таквите загревања. Поентата е во тоа што тие не би требало да се споделуваат со милион други луѓе“, рече тој.

10.07.2014 - 15:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега