ФОТО: Еве зошто Меси не можеше да слави
Лионел Меси по победата на Холандија во полуфиналето на СП не можеше да слави со соиграчите во соблекувалната бидејќи бил избран за рутинска допинг контрола.
-Морав на допинг контрола и не можев да славам во соблекувалната. Горд сум што сум дел од оваа екипа. Каков натпревар. Ова е лудо, ние сме во финале. Им праќам прегратки на сите Аргентинци, порача Меси преку Инстаграм објавувајќи фотографија по натпреварот.
10.07.2014 - 15:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа