Милчин вели дека немало демократија, а признава дека засега контролира 7 медиуми

Првиот човек на Фондацијата Отворено општество Македонија- попозната како Сорос, Владимир Милчин вчера во колумна која ја пренесоа проопозициските портали призна дека контролира седум медиуми, потсетува денеск Курир

Ова е прв пат, шефот на Сорос Македонија, да признае дека со негова поддршка се раководат седум медиуми - два на албански и 5 на македонски јазик.

-Каков уплав го мачи Груевски па се уплашил од еден грст медиуми што ги помага Фондацијата отворено општество – Македонија? Сите два на албански и сите пет на македонски јазик?, пишува Милчин во својата колумна.

-Доколку Владимир Милчин нема влијание врз медиумите за кои самиот признава дека финансиски ги контролира, тогаш се поставува прашањето зошто секоја негова изјава, статус на Фејсбук или пак на пример колумна како што беше случајот вчера, ударно се пренесува во опозициксите медиуми кои земаат или зеле грантови од Соросовиот институт, пишува Курир,

ВО вчерашната изјава за 24 Вести, Милчин вели дека Македонија во моментов не била демократско општество. Оваа изјава, пишува Курир, е конфузна ако се има во предвид дека од една стррана самиот тој признава дека контролира дури седум медиуми, а од друга страна вели дека немало демократија.

Исто така, се вели во текстот на Курир, новинари од медиумите кои се финансирани од Сорос, постојано се жалат дека им е наредувано да ја плукаат Владата и постојано нивните текстови се менувани од страна на уредувачката структура која е под влијание на фондовите кои го финансираат медиумот или во случајот Фондацијата Оторено општество, како што самиот Милчин признава дека дава помош. Оние кои се најгласни борци за демократија, во суштина самите не ја спроведуваат.

-Омразата која ја шират медиумите на СОРОС во Македонија, како што е последниот случај по пресудата за „Монструм“ е во функција на подгревање на страстите помеѓу населението и тензиите помеѓу етничките заедници. Со признанието дека контролира седум медиуми, Милчин ги потврди информациите дека постои тесна соработка помеѓу овие медиуми, кои со континуирана критика на Владата нa Груевски се искористуваат во полза на опозицијата, пишува порталот.

10.07.2014 - 15:04
Фото: 
Дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега