Путин и Меркел заедно ќе навиваат за Германија

 

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде присутен на финалето помеѓу Аргентина и Германија на СП во Бразил.

Како што соопштуваат од Кремљ, тој ќе и прави друштво на германската канцеларка Ангела Меркел, а ова дружење ќе го искористат за разговор за кризата во Украина.

Советникот на Путин Јуриј Ушаков изјави дека состанокот се уште не е прецизиран, но присуството на претседателот на Русија на финалниот меч на Мундијалот ќе биде искористено за билатерални средби, а со Меркел ќе разговара во „четири очи“.

10.07.2014 - 15:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега