Јелена Карлеуша „удри" по цела српска естрада
Српската пејачка Јелена Карлеуша е одамна позната по тоа што нема влакна на јазикот. Таа во емисијата Ексклузив коментираше за нејзините колешки од естрадата.
За Јелена Томшевиќ истакна дека не остава никаков впечаток, но дека е добро што знае да ги сокрие своите недостатоци. За Лепа Брена вели дека е жена која е оперирана од вкус и дека не знае да се облече иако е најголемата ѕвезда на Балканот.
- Треба да блеска, треба да е жена со стил, изјави Јелена.
За Дара Буба Мара вели дека е Радојка и дека така и треба да се однесува и да ја нарекуваат: - Не може да биде Дара зошто Дара е скратено од Даринка, а таа е Радојка, вели Карлеуша.
Иако секогаш е критична кон Сека, ја пофали црната тоалета со која се претстави во Црна Гора.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа