Сирија ја доби првата пратка од руските ракетни системи
Во Сирија пристигна првата пратка руски ракетни системи С-300, истакна во интервју претседателот на Сирија, Асад.
- Втората пратка ќе пристигне набрзо, додава Асад во интервјуто што ќе биде емитувано во текот на денот.
Асад тврди во интервјуто дека соодносот на воените сили во Сирија се променил во полза на владините сили кои во последно време според него, имаат големи успеси против терористичките формации, како што режимот ги нарекува опозициските сили.