Опустошиле куќа додека семејството било дома - филмска кражба во гостиварско

 

Засега непознати сторители синоќа ограбиле куќа во гостиварско Форино. Според сопственикот, натрапниците украле повеќе парчиња златен накит чија вредност, достигнува 25.000 евра.

Според СВР Тетово, чии екипи извршиле увид, додека мајката и ќерката биле во семејниот дом во Форино, непознати крадци незабележано преку отворен прозорец на кат од куќата влегле внатре. Без да пребаруваат нашле дрвена кутија во која имало златни обетки, нараквици, ланчиња, прстени...

Кражбата во гостиварската полиција ја пријавил сопственикот на куќата О.Џ., а полицијата трага по сторителите.

Во последните три месеци СВР Тетово има регистрирано 245 тешки кражби од кои 133 се на тетовското, а 112 се на гостиварското подрачје. Најголемиот дел од кражбите се случиле во куќи и станови. 

најчитано сега