Светиниколчанец крваво се борел за старателство - претепана директорка на Центар за социјална работа

 

Светиниколчанецот С.В. одлучил со ќотек да го добие правото на старателство врз своето дете, објавува Канал 5. 

Инцидентот се случил вчера попладне во канцеларијата на директорката Д.Н. на тамошниот меѓуопштински Центар за социјални работи. С.В. веќе не сакал да чека, па влегол во канцеларијата на директорката и започнал расправија. Откако сфатилл дека нема да ја убеди директорката нему да му го доддели старателството наместо на неговата сопруга, светиниколчанецот физички ја нападнал жената.

Директорката, според Канал 5, заработила удар со глава и неколку тупаници во лицето, но, за среќа, пред да заработи посериозни повреди, интервенирале вработените во Центарот и го извадиле напаѓачот од нејзината канцеларија. Веднаш била повикана полиција и брза помош.

Насилникот бил приведен и кај него биле утврдени 0.55 промили алкохол во крвта. 46 годишната Д.Н. била пуштена на домашно лекување.

најчитано сега