Путин: Русија не се стреми кон меѓународна изолација
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека иако е соочена со закана од нови санкции поради украинската криза, Русија сака да ја избегне меѓународната изолација, но истовремено цврсто ќе ги брани своите национални интереси.
- Ние никогаш нема да се стремиме кон самоизолација, туку ќе бидеме дел од меѓународната заедница, но таа е сложена, разнолика, истакна тој.
- Ние треба правилно да ги одредуваме националните интереси. Научивме да го правиме тоа, што го правеле претходните генерации, вклучувајќи ги и генерациите победници - упорно да ги штитиме тие интереси, но коректно и внимателно, рече Путин.
Рускиот претседател истакна дека Западот не е едноличен и оти таму има различни луѓе и различни држави.
- Никој, никогаш и никаде не сака да има силни конкуренти. Но, меѓународниот живот е конкурентска борба, така било отсекогаш и така ќе биде и сега, нашето време не е исклучок, додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа