Непоканети гости: Мравки цела вечер ѕвонеле на вратата на старица - полицијата морала да интервенира

 

Мирот на една старица од Германија бил нарушен откако цела вечер некои и ѕвонел на вратата, а кога ќе излезела немало никој. 

Се работи за 75-годишна старица од Германија која цела вечер не можела да заспие затоа што мравките кои се шетале по ѕидовите постојно и ѕвонеле на вратата, па полицијата морала да интервенира.

Полицајците кои веднаш по пријавата од страна на старицата стигнале на местото на настанот и соопштиле дека нема потреба од паника бидејќи виновници за ситуацијата се само рој мравки. Тие си направиле гнездо до ѕвоното, па така и ѕвонеле на старицата.

Проблемот бил решен така што полицајците го уништиле гнездото на мравките.

најчитано сега