Приколка се откачила и се забила во комбе - седум лица загинаа во Њујорк

Седум лица го загубија животот во страотна сообраќајна несреќа која се случи во Њујорк. Се судриле трактор и комбе во кое имало 8 лица.

До несреќата дошло кога се откачила приколката од тракторот, и преминала во другата лента на улицата и се забила во комбе кое се движело по улицата. 

Седум од лицата кои се возеле во комбето за жал го загубија животот, а осмото лице е тешко повредено и се бори за живот во болница.

Засега полицијата сеуште не знае како се откачила приколката и дошло до несреќата.

најчитано сега