Момче 15 години живеело со пенкало во главата
28-годишно момче од Авганистан неодамна открило дека 15 години од животот живеело со пенкало во главата.
Имено, 28-годишното момче побарало помош во болница поради силна главоболка, при што докторите откриле дека тој има пенкало во главата со години. Се работи за пенкало долго 10 сантиметери која му го повредила мозокот.
Момчето рекло дека не знае од каде тоа пенкало се нашло кај него во глава, но се сетил дека како дете имал многу страшен пад, но не очекувал дека вакво нешто би можело да се случи.
Докторите веднаш го оперирале и за среќа момчето успешно се опоравило.