407 светски карикатуристи ги донесоа своите дела - почнува Светската галерија на карикатури во Скопје
Вечерва во галеријата Остен ќе биде отворена изложбата на 41. Светска галерија на карикатури, Скопје 2013 и ќе бидат објавени наградите за најдобрите карикатуристи за годинава.
Според одлуката на меѓународното жиро, првата награда за карикатура ќе ја добие Јури Кособукин од Украина, за сатиричен цртеж Мехмет Арслан од Турција, а за стрип Саед Садеги од Иран. Покрај првите награди во тие три категории ќе бидат доделени и 10 специјални награди.
На конкурсот се пријавија 407 карикатуристи од 63 земји во светот со над 1580 дела.