ФОТО: Медиумите блиски до опозицијата индиректно ги поддржуваат насилните протести?

Медиумите кои важат за блиски до опозицијата денеовиве подгреваат меѓуетнички тензии најавувајќи ги протестите со бомбастични наслови.

Додека сите се обидуваат да ги смират тензиите кои настанаа по пресудата за „Монструм“, опозициските медиуми свесно или несвесно го прават токму спротивното и објавуваат текстови во кои се најавуваат протестите.

Минатите неколку дена, голем број проопозициски ориентирани портали го објавуваат времето и местото каде ќе се одржат протестите. Така, тие помагаат протестот да добие поголема масивност и да се соберат што повеќе луѓе кои ќе протестираат и ќе прават нереди во државата.

 

Еве дел од насловите кои ги објавуваа медиумите блиски до СДСМ:

А1 он - Голем протест поради „Монструм“ се најавува во петок. Почетокот на протестот е најавен пред Јаја Паша џамијата во 14: 00 часот, по завршувањето на петочната молитва, по што ќе се упатат пред зградата на Владата.

Скај - Шокантоно: Се готвата масовни демонстрации за петок по потечната молитва

Либертас- Протестите за „Монструм“ продолжуваат секој ден во 14 часот во повеќе градови

Инфо Плус- Протести низ земјава во 14 часот пореди пресудите за „Монструм“

НоваТВ- Нови протести за „Монструм“ најавени во петок

 

Очигледно овие медиуми одработуваат за некој на кој му одговара подгревање на тензиите, масовноост на протестите и нивно ескалирање. Како медиуми кои сносат огромна одговорност би требало да придонесуваат за зголемување на толеранцијата и меѓуесбниот соживот. 

 

 

08.07.2014 - 14:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега