Мајката на новороденчето од Кина спасено од канализациска цевка нема да биде обвинета

 

Кинеските власти заклучија дека детето спасено од канализациска цевка пред два дена се нашло таму по несреќен случај. Поради ова сознание против неговата мајка нема да биде подигнато обвинение.

Мајката која е невенчана за мажот чие што е бебето, веќе го однесоа од болницата во која се опоравуваше откако голем број пожарникари го спасуваа од канализациска цевка.

Мајката која присуствувала во акцијата на спасување не признала дека бебето е нејзино се додека по два дена не била на сослушување во полицијата затоа што била исплашена. Детето случајно испаднало во тоалетот, навела таа.

најчитано сега