Кој успеа да ја освои Софија Вергара?
Џо Манганиело кој пред извесно време беше прогласен за најпосакуваниот ерген во светот, сега е поврзуван со најжешката колумбиска ѕвезда - Софија Вергара.
-„Само што започнаа да се дружат. Се забавуваат и моментално се во фазата на запознавање,“ изјавиле нивни блиски пријатели.
Вестите за нивната љубовна врска се проширија откако 37-годишниот Џо зборуваше за колумбиската секс бомба во интервјуто за магазинот People:
-„Ќе ми направите проблеми. Не сакам да бидам таму каде што не ми е место. Оваа жена е верена,“ изјавил, а потоа продолжил детално да ја опишува.
-„Таа има облини, има прекрасно лице, коса, едноставно е неверојатна. Природна убавица. Фантазија!“
37- годишниот Џо, 37 и Софија 41 се запознале уште во мај, а нивната љубовна врска започнала само неколку дена подоцна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа