Бан Ки-мун: Сирија се распаѓа пред нашите очи

 

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изјави дека Сирија се распаѓа и упати повик до меѓународната заедница да ја поддржи американско-руската иицијатива за преговори меѓу режимот и опозицијата. 

- Сирија се распаѓа пред наши очи. Хаосот создава поволна почва за радикализмот и се повеќе и се заканува на регионалната стабилност, рече Бан во порака до средбата во Техеран, посветена на Сирија. 

- Ги повикувам сите земји да го искористат своето влијание за да придонесат за пресекување на доставките на оружје и да ги убедат странските групи да ги повлечат своите борци од Сирија, додаде генералниот секретар на ОН.

- Се водат активни консултации меѓу ОН, САД и Русија, но има многу елементи, кои треба да се дефинираат, рече Бан и додаде дека се уште не е определен взамено прифатлив датум за настанот. 

 

најчитано сега