"Мајката не станува од кревет, таткото скршен од болка" - денеска ќе биде погребан полицаецот од Србија

34-годишниот Дамир Грубача од Србија кој животот го загуби во страотна сообраќајна несреќа, денеска ќе биде испратен во вечното живеалиште. Полицаецот ќе биде закопан на денот кога починал и неговиот брат.

- Така одлучија неговите родители кои го загубија и другото дете пред 15 години. Мајката не станува од кревет, а таткото само ја држи и гледа фотографијата од својот син, вели извор за српскиот Ало.

Сопругата на полицаецот кој го загуби животот во сообраќајка која се случи на Ибарската магистрала, не може да поверува дека нејзиниот сакан повеќе го нема.

Нека почива во мир.

08.07.2014 - 09:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега