Откажани протестите за „Монструм" - Албанците против насилниците!

Тетовчани денеска не се огласија на повиците за протести на социјалната мрежа Фејсбук. Еден граѓанин на тетово за „Тетово денес“ изјавил дека нема да протестира ако протестите не ги води конкретна личност чиј идентитет ќе биде познат.

-Нема да излезам повеќе на протест ако протестите не ги води личност со име и презиме. Доста од тие кои повикуваат по фејсбук и седат дома, доста од тие што флаат камења и си ја кријат раката. Протестите треба да бидат мирни, и да не се злоупотребуваат од личности кои не им го сакаат доброто на Албанците“, вели тетовчанецот за „Тетово денес“.

Иако и во Скопје денеска во 14 часот пред трговскиот центар „Чаирачка“ беа најавени протести, сепак се помина мирно.

Дел од медиумите пренесоа повик за протести во неколку града, покрај Скопје, и Тетово, Гостивар, Дебар и Струга. 

07.07.2014 - 16:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега