Се огласи Роналдо: Бразил е фаворит и без Нејмар!
Најдобриот фудбалер во историјата, Роналдо Луис Назарио де Лима им порача на Германците дека Бразил е фаворит иако на теренот нема да биде Нејмар.
„Ако Германците мислат дека поради повредата на Нејмар Бразил ќе биде ослабен, се лажат. Ние сме сѐ уште фаворити, затоа што Бразил никогаш не зависел од еден фудбалер, затоа што на секоја позиција има барем по тројца квалитетни фудбалери. Доказ за тоа е Светското првенство во 1962 година на кое настапивме без Пеле кој се повреди на вториот меч, но го освоивме трофејот“ изјавил Роналдо.
07.07.2014 - 14:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа