Божјо чудо: Бебенце се родило по абортус!

 

Се случило вистинско Божјо чудо,  бебе се роди после спонтан абортус. Мишел била потиштена од тага кога и сопштиле дека го загубила бебето во 6-тата недела од бременоста. Два дена подоцна и дале медикаменти кои предизвикуваат абортус, пренесуваат странските медиуми.

 - Спонтаниот абортус и абортусот беа апсолутно ужасни. Откако го загубив бебето излегов со пријателките и испив 1,5 шише вино, бев скршена- рекла таа.

И кажале по 10 дена да направи тест за бременост, за да се открие дали останале опасни згрутчувања. Тестот бил позитивен и потоа ја пратиле на киретажа, за да ги отстранат остатоците во матката, но на запрепастување на сите, ултразвукот покажал срце кое чука.

Многу ретко се случува едниот близнак да загине во спонтан абортус, а другиот да преживее, но не и кога се аплицирани средства за абортирање. Се работи за вистинско чудо.

07.07.2014 - 14:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега