Еве колку ќе плаќаат хотелите и кафулињата за пуштање музика

Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Макеоднија и Македонската музичка индустрија (ММИ) денеска конечно потпишаа Договор и ги удврдија месечните тарифи кои ќе ги плаќаат хотелите и угостителските објекти за пуштање музика од домашни и странски изведувачи. Хотелите ќе плаќаат по два денари по ноќевање, додека угостителските објекти, зависно од површината на локалот, максимум 270 денари. 

Овој надомест ќе важи и ретроактивно, за 2013 година. И Здружението и ММИ очекуваат хотелирите и угостителите да го плаќаат со оглед дека цената, како што посочија нивните претставници, е исклучително ниска.

- Вака утврдениот минимален надомест, индиректно е во интерес на сите. Очекуваме да биде причина хотелиерите и угостителите сами да се пријават и да го плаќаат. Два денара од ноќевање или вкупно 200, 500 па и 1.000, е најмалиот трошок што еден ресторан, бар или кој било друг угостителски објект го плаќа, рече потпретседателката на Здружението Соња Бибановска по потпишувањето на Договорот, укажувајќи дека дневница на келнер за еден ден е 1.500 денари.

Извршниот директор во ММИ, Бодан Арсовски вели дека воведувањето, но и почитувањето на тарифите потврдува дека музичките уметници во земјава веќе се третираат по сите европски и светски стандарди.

- Сите членки на Здружението за угостителство се должни да достават податоци колку ноќевања реализирале или колкава е површината на локалите врз основа на што се утврдува цената согласно тарифникот за користење фонограми и снимени изведби, објасни Арсовски.

Договорот предвидува локалите со површина до 50 метри квадратни да плаќаат вкупно 90 денари месечен надомест, оние со површина од 50 до 100 метри квадратни 144 денари, а најголемите, со над 100 метри квадратни, 270 денари.

Угостителите кои не се членки на Здружението при Стопанската комора ќе плаќаат речиси трипати повеќе, по 1 евро од бод.

Се проценува дека во Македонија има околу 8.000 кафетерии, барови, ресторани, локали.

07.07.2014 - 13:56
Фото: 
вести.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега