Никнува нов град кај Шибеник

Швајцарски инвеститор се одлучи да вложи повеќе од 1,5 милијарди евра во проект близу Шибеник што ќе измени слика за хрватскиот туризам. Како што објави ХРТ, седум години и 60 милиони евра биле потребни за да се купи земјиштето во Заблач покрај Шибеник за изградба на нова градска населба.

Новиот град за 2.500 жители ќе ги има сите потребни содржини – од хотели од висока категорија, вили, пристаниште, амбуланти и градинки, а се во согласност со највисоки еколошки и просторни стандарди.

 

07.07.2014 - 11:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега