Почина српската легенда Бора Тодоровиќ

По куса болест, во Белград почина српскиот актер Бора Тодоровиќ, кој неколку дена по операцијата на слепо црево се пожалил на болки и бил итно опериран. Лекарите констатирале дека имал мозочен удар, после кој, последните два денане се будел од кома.

Тој е роден во Белград, на 5 ноември 1929 година.

Оствари големи театарски улоги, а на филмското платно дебитираше во 1967 година. Ќе остане запомнет по улогите во „Балкан експерес“, „Мистер Монтенегро“, „Балкански шпиун“, „Дом за бесење“ и многу други. 

Нека почива во мир!

07.07.2014 - 10:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа