50 пожарникари се справуваа со пламените јазици - пожарот на Крит под контрола

На островот Крит е уапсено едно од двете лица кои наводно се одговорни за пожарот во Антиксари.

Шумскиот пожар, кој избувна во саботата претпладне и гореше речиси два дена, и покрај силните ветрови е ставен под контрола.

Во гаснењето на пожарот учествуваа 17 противпожарни возила и околу 50 пожарникари, четири специјални единици, два хеликоптери, многу волонтери и локални жители. Огнот уништи неколку амбари, полиња со пченка, пластеници и тревни површини.

 

07.07.2014 - 10:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа