"Ќе го донирам богатството, децата нека заработат сами" - татко за пример кој го освои светот

 

Овој човек дефинитивно заслужува почит. Повеќето од богаташите сакаат најпрво на своите деца да им обезбедат луксузен живот, но не и Ју Пенгјан од Кина кој своите пари ќе ги распореди на стипендии за талентирани сиромашни студенти, обнова на земјата од силниот земјотрес од 2008. година, како и за плаќање на операции за катаракта, со што и самиот имал многу проблеми.

Ју Пенгјан некогаш бил сиромашно момче кое заработувало превозувајќи луѓе, а потоа станал еден од најбогатите луѓе во Кина, благодарение на продажбата на недвижнини и живеел живот каков што многумина посакуваат.

Тој вели дека секогаш давал пари во добротворни цели, бидејќи и самиот бил сиромашен.

-"Моите деца не се противеа на оваа идеја. Доколку се способни, не им се потребни моите пари. Доколку не се, оставање на богатството ќе им донесе само штета", ја објаснува својата одлука Пенгјан, кој инаку е првиот Кинез кој донирал повеќе од 1 милијарда долари. Неговите пари ќе бидат распоредени на стипендии за талентирани сиромашни студенти, обнова на земјата од силниот земјотрес од 2008. година, како и за плаќање на операции за катаракта, со што и самиот имал многу проблеми.

Секоја чест!

 

07.07.2014 - 09:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега