Електронско управување со документи за поефикасна администрација

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски денеска ќе го претстави напредокот на проектот Систем за електронско управување со документите.

Проектот започна да се имплементира во 2009 година и предвидува државните службеници во 21 државна институција преку унифициран систем електронски да ги креираат и управуваат сите видови документи.

Унифицираниот систем значително треба да ги подобри способностите и капацитетите за управување со документи во институциите, да обезбеди целосна автоматизација на работните процеси и запазување на роковите за процесуирање на предметите. Со тоа со треба да се намалат времето и трошоците за работа и да се подобри ефикасноста на институциите.

07.07.2014 - 08:43
Фото: 
Лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега