5.000 вработувања со инвестицијата вредна 400 милиони долари

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска во градот Гвангжу, Народна Република Кина оствари посета на индустрискиот и на продажниот капацитет на компанијата Веибо Груп.

Во рамките на посетата, Груевски оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата предводен од извршниот директор, Селчук Алперен. Компанијата Веибо Груп неодамна донесе одлука за инвестиција во Република Македонија, во североисточниот дел на нашата земја во капацитети во рамките на кој ќе бидат отворени над 5. 000 работни места. На средбата стана збор за идните чекори за реализација на проектот со инвестицијата.

-Веибо вработува околу 14 400 лица. Има фабрики во Народна Република Кина, Турција и Камбоџа. Тие имаат голем успех, имаат околу 2 900 продавници и ова е нешто што навистина функционира на вистинскиот начин и најважното што тоа е со успех.  Задоволен сум што оваа компанија одлучи нивната следна инвестиција да биде во Република Македонија, изјави премиерот Груевски на прес-конференцијата по посетата на компанијата Веибо Груп.

05.07.2014 - 12:41
Фото: 
kurir
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега