Полицијата бара помош за идентификување на удавеното момче во Охрид

Безживотно машко тело, утрово во 7 часот и 20 минути било забележано во водите на Охридското Езеро, на околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје во Охрид. Се работи за машко лице од близу 25-годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави а под неа германски спортски дрес.

Полицијата бара помош за идентификување на момчето. СВР Охрид ги замолува граѓаните секоја корисна информација да ја достават до СВР Охрид или нателефонот 192.

05.07.2014 - 11:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега