Косовец “заглави“ на скопскиот аеродром - еве што се обидел да направи

23 годишниот косовски државјанин Е.Б. си заработи кривична пријава, откако на 2. јули се обидел да замине од Македонија со лажна работна виза.

Е.Б., информира полицијата, на граничниот премин „Александар Велики“ се пријавил за излез од државава со косовски пасош во кој имало грчка работна виза. Сепак, одговрните лица не му поверувале, па почнале да го проверуваат. ПО кратко време било утврдено дека во визата се избришани оригиналните податоци и се впишани други, лажни податоци.

Косовецот заработи казна затвор во траење од две години, условно од пет години. Е.Б. не смее да влезе во Македонија во наредните 5 години. 

04.07.2014 - 11:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега