132 македонски државјани ранети или убиени во Ирак и Авганистан

132 македонски државјани досега се убиени или ранети во Ирак и Авганистан, објавува американското министерство за работа.

Според статистичките податоци на Министерството кои ги пренесуваат балканските медиуми, се работи за работници кои работеле за американски цивилни компании, ангажирани од американската војска или од цивилни институции. До Македонија досега не се пристигнати официјални информации за тоа колку вкупно македонски државјани настрадале додека биле на печалба во овие опасни региони. 

Податоците се собрани од американското министерство за работа, кое ги објавило и адресите на работниците на кои по пошта им се испраќани информации дека настрадале или биле ранети. Податоците не откриваат колкумина од вкупно 132 биле ранети, а колку се починати.

Според податоците на Министерството, до декември 2012 година во Ирак и Авганистан се убиени вкупно 3.258 работници, а ранети биле 90.000. Најмногу настрадани се од САД - 18.701. Од 45.194 регистрирани странци кои работеле за американски компании загинале 3.079.

Од Балканот најмногу настрадани граѓани има од Босна и Херцеговина - 185, а потоа од Македонија - 132. Зад Македонија се Унгарија со 40 настрадани, Србија 39, Косово 27, Хрватска со 14.

04.07.2014 - 11:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега