Актерот Николас Кејџ стана дедо

Може да се каже дека моментално познатиот актер ги доживува најсреќните моменти во својот живот.

 

Актерот Николас Кејџ, познат по бројни улоги, сега доби нова и најдрага – улогата на дедо.

 

Синот на актерот Вестон Кејџ и неговата сопруга Даниел Кејџ добија син, пишува „Us Weekly“.

Внучето на актерот,  Лусиан Аугустус Копола Кејџ е роден на 1 јули во 15:14 часот, изјави гласноговорникот, а се чини дека дедото „пука“ од гордост и среќа.

 

- Мојот татко е пресреќен. Кога ја запозна Даниел беше одушевен од неа, рече Вестон.

04.07.2014 - 09:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега