Вучиќ: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина но без санкции против Русија

Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но нема да воведе санкции против Русија, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со премиерот на Франција во Париз, Мануел Валс.

- Нашиот став не е сосема неутрален. Ние решително ја поддржуваме идејата за територијалниот интегритет на Украина и на тој фактор му придаваме големо значење, нагласи тој.

- Единствената разлика меѓу ставот на Србија и на земјите-членки на Европската унија е тоа што ние нема да воведеме санкции против Русија, додаде Вучиќ како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата со Валс.

04.07.2014 - 09:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа