Сакате да ги знаете сите рецепти на баба Рада? - Еве каде ќе ги најдете

 

Издавачкиот центар „Три“ вечерва ќе ја промовира книгата „Билките на баба Рада“, прирачник на најгледаната македонска емисија посветена на билките и нивната лековита моќ.

„Билките на баба Рада“ содржи 250 рецепти, чија ефикасност е проверена од народни искуства. Прирачникот всушност е печатено издание на советите кои баба Рада и нејзините гости секојдневно им ги пренесуваат на телевизиските гледачи.

-  Оваа „библија на билките“ детално ги опишува лековитите својства на голем број билки од нашето поднебје... Наречена алхемичар на нашето време, баба Рада, како вистинска жива енциклопедија за билките, со голема љубов и посветеност работи на својата мисија – да им помогне на луѓето да си го повратат и да си го зачуваат здравјето по природен пат, информира издавачот за прирачникот. 

04.07.2014 - 08:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега