ВИДЕО: Погледнете ја реакцијата на политичар обвинет за корупција

47- годишниот јапонски политичар Рјутаро Наномура стана вистински хит на интернет откако доживеа нервен слом на прес конференција на која се обиде да се одбрани од обвинувањата дека трошел државни пари за одмор во бања.

 

Имено Наномура почнал хистерично да липа за време на пресот кој траел цели три часа. Удирал со раце по масата, викал по новинарите, тешко воздивнувал.

 

Видеото од пресот веднаш беше поставена на интернет, а коментарите на јавноста се дека на човекот итно му е потребен одмор.

 

Наномура е обвинет дека проневерил 29.000 долари државни пари.

03.07.2014 - 17:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа