ВМРО-ДПМНЕ: Нема попуштање за техничка влада - нема ни разговори

Штом нема Зоран Заев да прифати разговори без условот техничка влада, тоа значи дека разговори нема да има, што всушност е и целта на СДСМ.

Стратегијата да се направи штета на државата и граѓаните за да се освои власта, повторно ќе биде поразена од народот и на наредните избори.

Ова не е изненадување за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е СДСМ, тоа е Зоран Заев, тоа е Бранко Црвенковски, тоа е Радмила Шекеринска. Тоа е кодот, матрицата, политиката. Немање идеи за нормален натпревар и битка на нерегуларен начин да ја узурпираат власта, против волјата на мнозинството граѓани. Тоа е стратегија на луѓе неспособни за работа и водење држава

(Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

03.07.2014 - 15:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега