Си ја ставил шестнеделната ќерка во фрижидер за да престане да плаче

 

Тејлер Џејмс Дојч му е одредена кауција од милион долари откако беше обвинет дека ја ставил својата ќерка стара шест недели во фрижидер и ја оставил цел час, поради тоа што не престанувала да плаче, пренесува „Дејли Мејл“. Температурата во фрижидерот била 12 степени под нулата. Докторите засега велат дека шансите за бебето да преживее се добри, но не се сигурни за компликациите кои ќе следат подоцна. Падот на телесната температура на бебето падната на 29 степени, а биле утврдени скршеници и на рацете и нозете и повреда на главата. Дојч пред судот се изјаснил како невин за нападот малтретирањето и за спречувањето на семејно насилство. Дојч пред полицијата раскажал неколку верзии, за да на крајот изјави дека поради преголемиот умор и постојаното плачење тој го ставил бебето во фрижидерот. Бебето од фрижидерот го извадил кога мајката влегла во станот. Кога си заминала од дома истото било облечено, а кога се вратила било само во пелена. Тој исто така е обвинет затоа што ја спречил мајката да повика помот откако и го одзел телефонот. 

 

 

најчитано сега