Ограбено училиштето „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром

Засега непознат крадец го ограбил основното училиште „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром.

Според информациите од полицијата, кражбата се случила во петокот или саботата. Арамијата провалил во училиштето и украл компјутер, принтер и ДВД-плеер.

Полицијата работи на откривање на крадецот.

03.07.2014 - 11:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега