Ристовски, Спасов и Наумоф ветија дека ќе работат напорно за продолжување на реформите

Денеска Собранието ги изгласа промените на владиниот кабинет.

Новите министри ветија дека ќе направат се за да ги продолжат и подобрат проектите кои се започнати.

Спиро Ристовски, кој официјално е назначен за нов министер за образование и наука, истакна дека во следниот период со ист интензитет ќе работи на активностите и реформите кои ги започнал неговиот претходник, додека пак Џери Наумоф вети дека ќе го подобри македонскиот јазик и дека е возбуден бидејќи е нов министер без ресор.

Новиот министер за труд и социјална политикиа, Диме Спасов, вети дека максимално ќе се посвети во реализација на новите проекти, и дека ќе ги продолжи оние на својот претходник Спиро Ристовски.

ФОТО: Нетпресс

најчитано сега