Се омажија тинејџерките од Босна кои заминаа на Џихад во Сирија

Ученичките Сабина Селимовиќ  и Самра Кешиновиќ кои заминаа на Џихад во Сирија, се омажиле за двајца Исламисти.

Според податоците од медиумите, 15-годишните Сабина и Самра кои пред пет месеци избегаа од Австрија, во меѓувреме се омажиле. 

Инаку, девојките кои побегнаа пред пет месеци, од своите сопрузи добиле дозвола еднаш на три месеци да се слушнат со своите семејства, но да не откриваат информации за својот живот.

Неодамна едно од девојчињата се јави на своето семејство, а полицијата успеа да влезе во трага, но потоа телефонот беше исклучен.

03.07.2014 - 09:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега