ЕКСКЛУЗИВНО: Големо апсење низ цела Македонија

Десетици хакери од повеќе градови низ Македонија се уапсени во голема полициска акција, ексклузивно дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, станува збор за добро организирана група која креирала лажни веб страни кои биле идентични со оригиналните и преку т.н. фишинг, крадела лични податоци од граѓаните. Групата работела подолг период и според нашите информации од истрагата станува збор за добро подготвени луѓе кои речи си перфектно ја работеле својата работа. Измамените луѓе, мислејќи дека купуваат производи од вистинските сајтови им ги давале своите броеви од кредитните картички, а групата, потоа со нив, извлекувала пари на најразлични начини. Иако се уште трае истрагата, според првичните и се уште неофицијални информации, сомненијата се дека криминалот тежел стотици илјади евра. 

Од МВР официјално потврдуваат дека имале акција за апсење на лица осомничени за компјутерски криминал но не откриваат повеќе детали. Нив ги најавуваат во текот на утрешниот ден.

02.07.2014 - 22:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа