Мртва жена во стан во скопско Радишани

Педесет и едногодишната С.Б. од Скопје која синоќа беше пронајдена почината во стан во скопската населба Радишани, починала од природна смрт. Оваа информација, денеска ја потврдија од Инситутот за судска медицина, и со тоа ги отфрлија шпекулациите дека жената била убиена.

Според полицијата, околу 23 часот во полиција нејзиниот сопруг побарал помош од Итната медицинска помош од каде пак ја алармирале полицијата дека во скопската населба Радишани, во стан на улица “Радишанска”, ја пронашол својата сопруга без знаци на живот.

Според информациите од истрагата на Министерството за внатрешни работи, при увидот првично било утврдено дека на телото на жената немало траги на насилство.

Полиција и јавен обвинител извршиле увид на местото, а по наредба на обвинителот телото е дадено на обдукција.

Од полицијата утрото беа запознаени со шпекулациите за можното убиство на скопјанката, кое од некои медиуми беше поткрепено со тоа што сопругот бил однесен во полициска станица. Ние го чекавме обдуцискиот наод, со кој ќе добиеме јасна слика како настапила смртта кај скопјанката.

-Во меѓувреме не би шпекулирале дали станува збор за убиство затоа што првичната слика на местото на настанот не говори за такво нешто. По извршениот разговор со сопругот на почината тој беше пуштен а обдукцискиот наод покажа дека смртта кај С.Б. настапила од природна смртт изјавија од МВР за Вечер, потврдувајќи дека сопругот на сега почината бил задржан во полицска станица на информативен разговор.

По извршениот разговор со сопругот на почината тој беше пуштен а обдукцискиот наод покажа дека смртта кај С.Б. настапила од природна смртт изјавија од МВР.

По извршената обдукција во Институтот за судкса медицина, телото на скопјанката ќе биде предадено на семејството за погреб.

 

 

02.07.2014 - 22:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега