Ватикан го призна Меѓународното здружение на егзорцисти

 

Ватикан официјално го призна Меѓународното здружение на егзорцисти, група од 250 свештеници од 30 држави кои се занимаваат со истерување на ѓаволот.

Според католичкиот гласник Осерваторе романо, Ватикан го одобрил статутот на организацијата и ја признал таа група по црковното право.

Сегашниот римокатолички поглавар папата Франциско многу често од своите претходници го споменува ѓаволот. Лани е виден како спушта рака врз глава на човек наводно опседнат со демони, чин кој егзорцистите го опишаа како молитва за ослободување од сатаната. Претседателот на здружението, свештеникот Франческо Бамонте ја поздрави одлуката на Ватикан и рече дека „егзорцизмот е облик на доброчинителство спрема луѓето кои страдаат“. 

02.07.2014 - 20:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега